петок, август 14, 2009


 
автор: Бојан Николов @ 8/14/2009 03:37:00 претпладне |
сабота, мај 09, 2009
Веројатно нема подобра причина од прекинувањето на паузава од премиерата на новиот Star Trek. Изминативе десетина години, сведоци сме на куп вакви ребутирања на стари, култни франшизи, меѓу кои Batman, Terminator, Star Wars, а да не почнувам за огромниот број на римејци на хорори од типот на Halloween или Friday the 13th. Во многу наврати сум спомнувал како Холивуд е одамна останат без оргинални идеи и парите ги вади од прекопување на стари и сигурни рудници.

Како и да е, од сите ре-анимирања на филмски и телевизиски бисери, Star Trek е дефинитивно, како идеја, најлошото. Треба навистина храброст да земеш нешто толку вредно и да го "измислиш" повторно. Со многу шминка и агресивна рекламна кампања, господинот Абрамс успеа на да им ја продаде својата тазе-измислена топла вода и на најтврдокорните фанови на франшизата. Зарем толку слепо прифаќате се што е Star Trek, луѓе?

Филмот се прикажа вчера низ кината во САД и за само еден ден успеа да собере цели 33 (триесет и три) милиони долари! Без разлика на вистинскиот квалитет на филмот, ова значи дека Star Trek приказната на Абрамс не е воопшто завршена. Филмот веќе го има низ warez мрежата, кино-снимка, ќе почекам уште некое време да се појави подобра копија за да го гледам и да видам дали целото мое мрчење изминатава година и кусур ќе биде оправдано. Доколку некој не го прочитал текстот каде што јасно го изкажувам мојот став за филмов - бујрум на линков.

П.С. Поради обрвски месецов, не успеав да ја објавам рецензијата за Star Trek Countdown #4. Еве линк за симнување на стрипот. Таман за читање пред гледање на филмов...

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 5/09/2009 01:43:00 попладне | 9 коментар(и)
понеделник, април 06, 2009
Tоа е тоа, скоро исто како претходните, со плус некои нови кадри кои досега не сме ги виделе.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 4/06/2009 12:59:00 попладне | 0 коментар(и)
недела, април 05, 2009
Конечно, слободно време да се посветам на МакТрек и да кажам неколку работи за новиот број на Star Trek: Countdown, кој излезе кон крајот на минатиот месец. Беше поставен тука за даунлоуд пред некоја недела, но еве го линкот пак, во случај некој да го пропуштил.

Приказната полека се наближува до настаните во филмот. Ромулус е уништен, а Неро го обвинува Сенатот поради тоа. На Ромулус тој го губи неговото семејство и нероденото дете. Конечно ја гледаме неговата трансформација во негативец кој претставува огромна закана. Во овој број ги добива и тетоважите на главата, кои се дел од Ромуланската традиција и се древни симболи кои претставуваат Љубов и Пораз. Ромуланците ги тетовирале после загуба на сакана личност.

До сега, најдоброто нешто што излезе од Star Trek: Countdown. Како и претходно, се појавуваат ликови кои веќе ги знаеме, а еден од нив ќе одигра голема улога во следниот број кој е веќе излезен и ќе биде поставен тука за некој ден. Спомнав претходно дека ќе имав некаква верба во филмот доколку се појавеа сите овие ликови, толкувани од оргиналните актери. Леонард Нимој колку и да е добар, неможе сам да го носи на грб цел филм.

Останува месец дена до премиерата, па ќе видиме како ќе пројде.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 4/05/2009 01:22:00 попладне | 0 коментар(и)
понеделник, март 30, 2009
Купче нови официјални постери за новиот Star Trek, далеку подобри од првиот, со исклучок на јапонскиот постер.

Британскиот постер

Друга верзија од Британскиот постер

Шпанскиот постер

Германскиот постер

...и Јапонскиот!

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/30/2009 07:44:00 попладне | 0 коментар(и)
Family Guy, откако успеаа да ја направат најдобрата пародија на Star Wars, ја собраа и целата актерска екипа на Star Trek: The Next Generation. Стуи, откако на Star Trek конвенција нема да успее да ги праша актерите ниту едно прашање, решава да изгради транспортер, да ги киднапира и да ги принуди да поминат некое време со него.

Гласовите на The Next Generation поставата ги позајмуваат оргиналните актери и ова е нивното прво собирање за телевизиски/филмски проект после многу години.

Покрај тоа што епизодава се врти околу Стуи и посадата на Ентерпрајз, упатува и остра критика до религијата и религиозните сфаќања во Америка, а и во светот. Одлична епизода, веројатно најдобрата оваа сезона, покрај "I Dream of Jesus". "Not All Dogs Go To Heaven" беше прикажана синоќа и веќе може да се најде по warez мрежата.

Наскоро излегува и пародијата на The Empire Strikes Back, а се збори дека ќе има и пародија на The Wrath of Khan.
 
автор: Бојан Николов @ 3/30/2009 05:32:00 попладне | 0 коментар(и)
недела, март 29, 2009
Конечниот, официјален постер наменет за кината, беше објавен пред два дена. Воопшто не ме импресионираше (исто и како се досега од филмот). Сите знаеме дека можело многу подобро и попрофесионално. Вака изгледа како обичен Photoshop ефект врз бродот...

Инаку, излезе Star Trek Countdown #3, ќе пишам рецензија деновиве. До тогаш, еве линк за симнување.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/29/2009 03:12:00 попладне | 0 коментар(и)
петок, март 06, 2009
Денеска излезе нов трејлер за филмот, веројатно последен пред премиерата во мај. Има сцени кои досега ги немаше во претходните трејлери (кои нормално, може да се погледнат на блогов).

Ќе искоментирам само една реплика на Неро. Вели, "James T. Kirk was a great man, but that was another life!" Токму така. Џејмс Т. Кирк е Вилијам Шетнер и никој друг.

Погледнете:


Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/06/2009 03:14:00 попладне | 1 коментар(и)
четврток, март 05, 2009
Полека се наближува премиерата на Star Trek XI, па периодов може да се очекуваат уште повеќе материјали од филмот. Во новиот број на списанието Total Film кој од денес е во продажба, објавени се две нови слики. На едната од нив може да се види како ќе изгледа транспортерот на новиот Ентерпрајз. Транспортирањето веќе видовме како изгледа во трејлерот.

Исто така, наскоро излегува и книга базирана на филмот, чиј автор е легендарниот Алан Дин Фостер.


Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 3/05/2009 11:59:00 попладне | 0 коментар(и)
четврток, февруари 26, 2009
Конечно вториот број на стрипот што ги размрда Star Trek фановите ширум светот. Слободно можам да кажам дека ова е еден од најдобрите Star Trek стрипови кои излегле до сега. Навистина штета што толку добра приказна ќе мора да биде збиена во само четири броја, освен ако не се решат да ја продолжат некако, независно од филмот.

Она што беше најголемо изненадување на самиот крај од првиот број, овде е во центарот на приказната и игра клучна улога. Дури има и интересно објаснување, кое лесно би можело да пројде и на филм, доколку се решат да не изненадат во блиска иднина.

Како што се развива приказната, која интензивно се движи до точката каде што Countdown ќе го предаде факелот на филмот, така се зголемуваат и изненадувањата кои го прават стрипот уште подобар. Знам дека идејата е да се купат фановите со ваква финта, признавам, одлично е, но сепак тоа нема да ми го смени мислењето за филмот. Можеби доколку имаше некое слично изненадување, ќе ми се зголемеше желбата за гледање...

Како и да е, екипата од IDW знае дека стои со четири броја на располагање и феноменално си ја работи задачата. Нема време за губење, и покрај тоа што има малку простор, одлично е склопена приказната. За жал, воведот во филмот ќе биде многу подобар од самиот филм. Мислам дека многу подобар потег ќе беше да се направи краток анимиран филм со содржината на Countdown. Ќе беше далеку поефективно, а ќе привлечеше уште повеќе публика.

Според бројот на даунлоуди, Star Trek: Countdown #1 е најчитаниот стрип објавен на МакТрек до сега. Еве линк и за вториот број. Третиот ќе биде достапен дури следниот месец. Пред мене го имам и четвртиот број на Star Trek TNG: The Last Generation, ќе го прочитам деновиве па ќе пишам и за него.

Labels: ,

 
автор: Бојан Николов @ 2/26/2009 11:59:00 попладне | 1 коментар(и)